Top Sport

Кој е новиот „Ван Дајк“ на Челси, тинејџерот Ксавиер Мбујамба?

Челси се пофалија со своето ново засилување, 18-годишниот дефанзивец Ксавиер Мбујамба од Барселона, кој доби тригодишен договор со тимот од „Стемфорд бриџ“ по споредбите дека е „новиот Ван Дајк“.

Мбујамба, член на У-19 репрезентацијата на Холандија, ја започна кариерата во МВВ Мастрихт, клуб за чиј сениорски тим имаше 11 настапи пред минатата година да потпише за Барселона. За Каталонците тој играше во Младинската ЛШ, но не доби вистинско место и Челси решија да му дадат нова шанса.

Мбујамба сигурно ќе биде охрабрен од стратегијата на менаџерот на „сините“, Френк Лампард да дава шанса на млади фудбалери, откако оваа сезона Мејсон Маунт, Рис Џејмс и Теми Абрахам добија вистинска шанса да покажат што знае.

Мбујамба е висок 193 сантиметри и не е чудо што е споредуван со својот сонародник Ван Дајк, со силно присуство во воздухот, но и со одлична техника со топката. Иако тој игра вообичаено на позицијата на централен бек, може да игра и како десен бек како во Мастрихт.

Scroll to Top