Американскиот милијардер Џејмс Палота откако ја продаде Рома за речиси 600 милиони евра, и ги постави на продажба своите акции во Бостон селтикс, е новиот фаворит да стане сопственик на премиерлигашот Њукасл.
62-годишниот Палота по осум години и фрустрираноста за изградбата на новиот стадион во Рим, го продаде клубот, но не планира да си замине од фудбалскиот бизнис, посебно по вестите дека ќе ги продаде своите 8 отсто од Бостон селтикс а сума од околу 2 милијарди долари.
За фановите на Њукасл, пак, ова е малку надеж по 13-те фрустрирачки години во сопственост на Мајк Ешли, и пропаднатиот договор да се продаде клубот на саудиски инвеститори. Според британските медиуми, за Њукасл се заинтересирани и браќата Теренс и Нелсон Лох, газди на „Белаграф групацијата“ од Сингапур, која вети дека ќе го постави Алан Ширер на менаџерската позиција.