Top Sport

Бурен старт во Келн – Лукаку се израмни со Роналдо Феномено за водство на Интер !

Интер доби брзо водство против Севилја во финалето на Лига Европа во Келн, откако уште во петтата минута со гол од пенал на незапирливиот Ромелу Лукаку дојде до 1:0 водство.

Само што почна мечот Диего Карлос го собори Белгиецот во шестнаесетникот, по што тој смирено од белата точка донесе предност за „нераѕурите“.

Ова е 34. гол за Лукаку во деби сезоната во Интер, со што тој се израмни со бразилскиот Роналдо.

Scroll to Top