Познатиот холандски тренер Гус Хидинк е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Курасао. Хидинк во кариерата видел пет национални тимови (Холнадија, Јужна Кореја, Русија, Австралија и Турција). Курасао е остров-држава во Холандските Антили.
„Беше тешко да се одбие оваа понуда“, изјавил за „Фокс Спорт“ 73 годишниот тренер. Курасао се наоѓа на 80 место на ранг-листата на ФИФА.
Хидинк договорил две годишна соработка, односно потпишал договор до завршувањето на Светското првенство во 2022 година.
Курасао, во првата фаза од квалификациите за пласман на СП во Катар ќе игра против Гватемала, Сент Винсент, Куба и Девствените острови.
Квалификациите ќе запонат во октомври, а пласман во наредната квалификациска рунда ќе избори само првопласираната репрезентација.