Top Sport

Гвардиола не им кажал ниту збор на фудбалерите по поразот од Лион

Пеп Гвардиола воопшто не влегол во соблекувалната, ниту разговарал со своите фудбалери по поразот на Манчестер сити од Лион во Лигата на шампионите, открива Олександер Зинченко.

Сити трета сезона во низа беше елиминиран во четврт-финалето на Лигата на шампионите не успевајќи да ја скрши „европската клетва“ по 3:1 поразот од Лион во Лисабон и очигледно немал зборови за поразот. Тој беше критикуван за менувањето на тактиката на тимот, а Зинченко вели дека немало потреба за зборови.

„Гвардиола воопшто не влезе во соблекувалната и не ни кажа ниту збор по мечот. Што има да се каже, кога работите се јасни. Штета за Давид Силва и Клаудио Браво кои го играа последниот меч за Сити и сакавме да победиме за нив“, вели Зинченко во Јутјуб разговор со неговата партнерка, новинарката Влада Седен.

Scroll to Top