Килијан Мбапе ќе го игра своето прво финале од Лигата на шампионите со Пари Сен-Жермен против Баерн Минхен во интересни розеви копачки инспирирани од својот сонародник, иронично поранешна легенда на ривалите од Баварија, Франк Рибери.
„Најк“ ги претстави новите „Mercurial Superfly Mbappé Rosa“ копачки во розева боја и Мбапе откри дека сонувал за такви копачки и (Mercurial Pink Panter 2008) неговата мајка штедела три месеци за да му ги приушти.
„Кога имав околу 10 години ги видов тие неверојатни розеви копачки кои ги носеа моите омилени фудбалери. Ги молев моите родители и тие ми кажаа дека ако работам напорно и ми оди добро во школо ќе ги добијам.Сега, презадоволен сум што Најк го креира мојот втор продукт со овие копачки за најголемиот клупски меч во кариерата. Сон!“, вели Мбапе.