Првиот официјален меч на Нико Ковач на клупата на Монако не помина најдобро за хрватскиот тренер, откако „кнезовите“ се враќаа од негатива од 0:2 против Ремс за тешко извојувано 2:2 реми во првото коло на Лига 1.
Гостите успеаја да имаат шокантен старт на „Луј Втори“, откако Булаје Диа уште во 5. минута постигна гол за водство, а во 20-тата минута Ел Билал Туре ја удвои предноста.
Монако успеа да намали на 1:2 во финишот на полувремето преку Аксел Дисаси, пред во 55. минута Беноа Бадиашил да ги постави конечните 2:2.