Барселона сметаат дека ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала е „идеална замена“ за Лионел Меси, доколку тој побара трансфер од „Ноу Камп“, тврди италијанскиот „Тутоспорт“.
Ситуацијата во двата клуба е доста неизвесна со нови тренери во двата тима, но и со двајца Аргентинци кои имаат неизвесна иднина. Дибала уште не се согласи на нов договор со Јуве, наводно барајќи 15 милиони евра по сезона, што претставува удвојување на неговата сегашна плата. Тој е само четврт најдоброплатен фудбалер на „бјанконерите“ по Кристијано Роналдо, Матијс де Лихт и Гонзало Игуаин.
Од друга страна, останувањето на Меси во Барса е сè понеизвесно, откако тој веќе му кажал на новиот тренер Роналд Куман дека повеќе е „надвор отколку внатре во клубот“. Меси има договор до јуни 2021, и Манчестер сити и Интер дефинитивно ја следат ситуацијата.