Top Sport

Совршено нафрлање на Кимих за Коман да го „стресе“ поранешниот тим – Баерн-ПСЖ 1:0

Баерн Минхен во 60. минута од големото финале на Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен дојде до водство, откако по една речиси школска акција, Кингсли Коман, кој беше мало изненадување во стартниот тим на Ханси Флик да ги донесе во водство.

По една брза акција, топката дојде до Џошуа Кимих, кој прати супер-прецизна топка до Коман, кој со глава го матираше Кејлор Навас.

ПСЖ има половина час да одговори на предизвикот…

Scroll to Top