Под знак прашалник е доведен почетокот на сезоната 2020/2021 во Серија А. Изминатата недела клубовите белажат раст на бројот на заразени со коронавирусот. Некои клубови го одложија почетокот на подгоотвките за новата сезона.
Здравствените протоколи во Серија А се јасни, сите играчи, тренери и клупскиот персонал мора да бидат тестирани.
Позитивни тесто има во Рома, Наполи, Торино, Беневенти, Каљари, Фиорентина и во тимовите кои до оваа сезона играа во Серија А, СПАЛ и Бреша.
Според медиумите сите заразени фудбалери немаат никакви симптоми и се чувствуваат добро.
Во Италија прв пат од 12 мај се забележани повеќе од 1.000 заразени во текот на еден ден.
Сезоната во Серија според планот треба да започне на 19 септември.