Top Sport

Она што го направија Мичел и Мареј е незабележано во НБА

Донован Мичел (Јута Џез) и Џамал Мареј (Денвер Нагетс) синоќа испишаа нови страници во историјата на НБА кошарката. Тие се првите кошаркари кои на еден натпревар во плејофот постигнале 50 или повеќе поени.

Јута синоќа го совлада Денвер со 129:127 и за пласман во наредната рунда и треба уште една победа.

Мичел ја предводеше Јута со 51 поен, четири скока и седум асистенции. Од поле шутираше 15/27, погоди четири тројки од седум обиди.

Мареј натпреварот го заврши со 50 поени, 11 скока и седум асистенции. Канаѓанецот од поле имаше реализација 18/31, тој погоди девет тројки од 15 обиди.

Scroll to Top