Кингсли Коман со својот гол го реши финалниот меч во Лигата на шампионите и на Баерн Минхен му ја донесе шестата европска круна во историјата на клубот. Коман постигна гол против клубот каде ја започна кариерата и кој лесно се откажа од неговиот талент.
Коман во 2018 година како слободен играч од ПСЖ се пресели во Јувентус. Коман две години го носеше дресот на „старата дама“, а потоа како позајмен играч се пресели во Баерн.
Во Минхен како играч на Јувентус настапуваше до 2017 година кога Баерн решија за 21.000.000 евра да го откупат неговиот договор.
Тогаш во Јувентус сметаа дека направиле добар бизнис бидејќи заработиле на фудбалер кој кај нив одигра 22 натпревари за две години. Доколку го прашате за мислење на оваа тема легендарниот Фабио Капело тој ќе каже дека Јуве направле голема грешка со продажбата на Коман.
„Некој сметаше дека Коман е доволно добар за да го започне финалето во Лигата на шампионите. Јувентус со него направија голема грешак, направија грешка како со Тиери Анри. Тој дојде многу млад и веднаш се откажаа од него, а потоа блесна во Арсенал. Коман го мина истиот пат. Кога ќе забележите квалитет, морате да бидете трпеливи, да чекате. Не можете да очекувате млад играч веднаш да постане главен играч“, рекол Капело.
Дон Фабио можеби не бил тренер на Јувентус кога во клубот биле Анри или Коман, но бил тренер на Милан кога во него играле Патрик Виера и Патрик Клајверт. Виера одигра само два натпревари за Милан и пота се пресели во Арсенал, додека Клајверт по само една сезона во која постигна шест гола замина во Барселона.