Top Sport

Кутињо пред неочекувано враќање во Барса!

Филипе Кутињо може да има шокантно враќање во првиот тим на Барселона по преговорите со новиот тренер на тимот, Роналд Куман, тврдат шпанските медиуми.

Сезоната на позајмица во Баерн Минхен заврши спектакуларно со освојување на титулата од Лигата на шампионите по 1:0 победата над ПСЖ, но германскиот (и европски) шампион веќе посочи дека нема да ја искористи опцијата да го купи Бразилецот. Се веруваше дека Кутињо е пред враќање во Премиер лигата со Тотенхем или со Арсенал, но сега „Мундо депортиво“ верува дека тој ќе добие нова шанса во клубот.

28-годишниот Бразилец има договор со Блауграна до јуни 2023 година и на Куман му соопштил дека е подготвен да има само минимален одмор со семејството во Бразил за да се врати на тренинзи со тимот.

Scroll to Top