Полицијата уапси 42 хулигани пред софиското дерби меѓу Левски и ЦСКА, кое заврши 2:2 на националниот стадион „Васил Левски“.
Бугарската полиција исто така објави дека три деца завршиле во болница откако навивачите запалија фалки и фрлаа чадни бомби на почетокот на второто полувреме, по што судијата Георги Кабаков мораше да го прекине дербито. Пред мечот имаше многу пресметки во градот, но за среќа малкумина завршија со повреди.
Дербито Левски-ЦСКА има долга традиција на проблеми со публиката. Во 2000 година еден 30-годишен човек беше убиен, а оттогаш секоја година има многу апсења.
Со резултатот 2:2, ЦСКА остана втора на табелата со 28 поени по 13 меча, два поени зад шампионот Лудогорец, додека Левски се трети со 25 поени.