Top Sport

УЕФА дисквалификуваше два тима од квалификациите за ЛШ и ЛЕ

Европската фудбалска унија (УЕФА) со служвен резултат регистрираше по еден натпревар во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите и Лига Европа.

УЕФА мораше да го направи овој чекор откако Слован од Братислава и Приштина поради позитивните тестови на коронавирусот и карантинот не можеа да ги одиграат своите натпревари против Клаксвик, односно Линколн.

Фудбалерите на Приштина се појавија во Гибрлатар но на 18 август не можеа да се појават на теренот против Линколн, бидејќи поради неколкуте позитивни тестови екипата остана во карантин во хотелот.

Фудбалерите на Слован воопшто не отпатуваа на Фарските оствори каде на 21 август требаа да играат против Класквик. Словаците го одбија предлогот на УЕФА мечот да го одиграат со младинскиот тим.

Класквик во 2.коло во Лигата на шампионите ќе гостува кај Јанг Бојс, додека Линколн во 2.коло во Лига Европа ќе го пречека Унион од Луксембург.

Scroll to Top