Top Sport

Ветеранот Молина потпиша за Гранада

Ветеранот Хорхе Молина наредната сезона ќе го носи дресот на Гранада. 38 годишниот напаѓач го раскина договорот со Хетафе и во слободен трансфер пристигна во Гранада.

Гранада минатата сезона по враќањето во Ла Лига одигра одлично, стигна до полу-финалето во Купот на Кралот, а во првенството го освои седмото место со што избори пласман во квалификациите во Лига Европа.

Молина во 2004 и 2005 година бил играч на Гранада. Во тој период одиграл 22 натпревари и постигнал пет гола, потоа играл за Поли Ехидо, Елче и Бетис, од 2016 година го носел дресот на Хетафе (147 натпревари, 46 голови).

Молина со Гранада потпишал две годишен договор.

 

Scroll to Top