Виргил ван Дајк признава дека Ливерпул има огромен предизвик во сезоната 2020/21, бидејќи сега ривалите од Премиер лигата ќе бидат уште „понаострени“ да ги победат англиските шампиони.
Холандскиот дефанзивец ги предводеше „црвените“ до титула од Лигата на шампионите во 2018/19, пред минатата сезона да ја прекинат сушата од 30 години без лигашка титула, рушејќи многу рекорди и доминирајќи во англискиот фудбал. По таква сезона, ќе биде тешко да се започне новата сезона.
„Мислам дека пред нас сега е огромен предизвик, за сите нас. Сега ќе бидеме во позиција во која сите ќе сакаат да не победат уште повеќе отколку лани. Притисокот ќе биде тука, но мислам дека сите ќе уживаме во тоа“, вели Ван Дајк.