Герет Саутгејт решил да го вклучи Хери Мегвајр во англиската репрезентација откако ја слушнал верзијата на капитенот на Манчестер јунајтед по неговото апсење и очекуваното судење во Грција.
27-годишниот Мегвајр беше вклучен во општа тепачка со полицијата додека беше на одмор во Миконос, поминувајќи две вечери во притвор, но Саутгејт го избра во тимот за мечот од Лигата на нации против Исланд и Данска следниот месец.
„Тоа не беше едноставна одлука и на крајот работам со информациите кои ги имам. Зборував со Хери, ја знам неговата верзија на настаните која е многу поинаква од таа која беше во медиумите. Ако информациите се променат подоцна, тогаш ќе го разгледам неговиот избор. Имам одлични односи со момчето и тој секогаш бил важен за нас. Немам причина да не верувам во тоа што ми кажува и сега ја има мојата поддршка. Луѓето можат да се согласуваат или не, но тоа е работата на секој фудбалски тренер“, вели Саутгејт.