Top Sport

Бартомеу се сликаше со новиот играч па им избега на новинарите

Фудбалскиот клуб Барселона го претстави засилувањето од Брага, Тринкао. Овој трансфер Каталонците го реализира во јануари, за услугите на младиот португалски напаѓач тие издвоија 31.000.000 евра.

На церемонијата се појавил и првиот човек на клубот Џозеп Марија Бартомеу. Тој се фотографирал со новиот фудбалер, а потоа го оставил портпаролот на клубот да одговара на новинарски прашања.

Бартомеу избегал за да не одговара на прашањата поврзани со Лионел Меси кој вчера побара да го напушти клубот.

 

Scroll to Top