Атлетико Мадрид на Монако им го продаде левиот бек Каио Енрике за сума од 8.000.000 евра.
Енрике е Бразилец има 23 години, а Атлетико потпиша договор со него во 2016 година меѓутоа никогаш не дебитирал за првиот тим. Енрике во кариерата има одиграно 20 натпревари за Б-тимот на Атлетико.
Од 2017 година Атлетико го позајмувал во Парана, Флуминенсе и Гремио.
Каио Енрике со Монако ќе потпише пет годишен договор.