Директорот на Мерцедес Тото Волф рекол дека неговиот тим има „незавршена работа“ на патеката Спа Франкошамп на која се вози трката за Големата награда на Белгија. Мерцедес три години нема победа на славната патека.
„Следната трка за нас е Спа, каде немаме победа од 2017 година, поради што имаме впечаток дека во Белгија имаме незавршена работа. Тоа е легендарна патека, која е омилена кај возачите. Ќе биде тешко да се направат подесувањата поради различните карактеристики. Исто така според прогнозата се очекува дожд што само ќе ни ја отежни работата“, рекол за „Скај Спорт“, директорот на Мерцедес Тото Волф.
Трката за Големата награда на Белгија ќе се вози во недела од 15.10 часот.
Инаку викендот во Спа ќе му биде посветен на Антоан Убер кој минатата година во Формула 2 го загуби животот на патеката. Во текот на викендот во употреба ќе биде специјално дизајнирано лого во чест на Убер.
Од Формула 2 соопштија деја во чест на Убер ќе го повлечат неговиот број 19.