Ентони Џошуа му порача на Тајсон Фјури дека сака „да му ја скрши главата“ пред нивните најавени два мечеви во 2021 година.
Ривалите веќе се согласија за финансиските услови за двата меча, а нивната пресметка е поблиску откако Дилијан Вајт беше нокаутиран од Александер Поветкин за да ја загуби позицијата на задолжителен предизвикувач за ВБЦ титулата на Фјури. Двајцата прво имаат други мечеви – Фјури треба да му даде римеч на Дионтеј Вајлдер, додека Џошуа ќе боксува со Кубрат Пулев, но тоа не го спречи Џошуа да почне со војната на зборови.
„Имам огромна почит кон човекот, тој е семеен човек и добар фајтер, но о ддруга страна сакам да му ја скршам главата. Брзи шест рунди и потоа ќе го нокаутирам. Да, тој го победи Вајлдер, но јас сум многу побрз боксер и многу подобар“, вели Џошуа.