Манчестер јунајтед ги „прибра“ талентите на Реал Мадрид, Алваро Фернандез и на Барселона, Марк Журадо, кои ги чекаат последните документи за да потпишат за „ѓаволите“ во самоизолација во Манчестер кај локално семејство.
16-годишниот Журадо и 17-годишниот Фернандез мораат да поминат двенеделен карантин во Манчестер бидејќи Велика Британија за сите пристигнувања од Шпанија ја воведе оваа мерка поради пандемијата на корона вирусот. Свој потпис чека и 16-годишниот норвешки напаѓач Иска Хансен-Ароен, кој доаѓа од Тромсо, како и 18-годишниот напаѓач од Јеовил Таун, Девон Арнолд.
На „Олд Трафорд“ се мисли на иднината.