Немања Матиќ најверојатно веќе нема да игра за српската фудбалска репрезентација, јавуваат повеќе белградски медиуми, лут на третманот кој го добиваат некои од неговите соиграчи во националниот дрес.
Фудбалерот на Манчестер јунајтед по крајот на сезоната се наоѓа дома со своето семејство и јасно посочил дека е лут на федерацијата поради неразбирањето кое го покажуваат кон дел од репрезентативците.
Тој веќе е поставен на спискот на селекторот Љубиша Тумбаковиќ за мечевите од Лигата на нации на УЕФА, но наводно не планира да се појави на собирите на репрезентацијата.