Top Sport

Артета му прости на Гендузи и ќе му даде нова шанса

Микел Артета ќе му даде втора шанса на францускиот фудбалер од средниот ред Матео Гендузи, откако тој беше отстранет од тимот на Арсенал пред два месеци по скандалот на мечот со Брајтон.

Гендузи не беше дел од последните 11 меча од сезоната и му беше забрането да тренира со првиот тим, но сега 21-годишниот Французин ќе добие втора шанса, откако никој не беше заинтересиран да плати 30 милиони фунти за неговите услуги.

„Зборував со Матео за време на паузата и јасно му кажав дека сите почнуваат од нула. Тоа што се случило пред две недели или две години не е важно, туку тоа што ќе може да направи за тимот сега. Заслужува да биде третиран како сите фудбалери во тимот и да ги добие сите шанси“, вели Артета.

Гендузи беше исфрлен од првиот тим откако го грабна Нил Мопе за врат при 2:1 поразот на Арсенал од Брајтон во вториот меч по рестартот на 20 јуни, по што го навредуваше Мопе и играчите на Брајтон фалејќи се дека заработува многу повеќе од нив.

Scroll to Top