Top Sport

Де Брујне го пријавил сопствениот агент во полиција?

Патрик де Костер, агентот на ѕвездата на Манчестер сити Кевин де Брујне е уапсен од белгиската полиција и поминал една вечер во притвор додека му се претресувале домовите и документите по барање на самиот фудбалер, јавуваат белгиските медиуми.

Весникот „Хет ниувсблад“ тврди дека истрагата е започната уште во 2019 година и се однесува за случувањата во 2013 и 2014, кога Де Брујне играше за Волфсбург во Бундеслигата и се работи за обвинување за „перење пари и фалсификување“. Парите кои Де Брујне ги заработувал во Волфсбург се префрлале преку сметки во Лихтенштајн.

Де Костер и неговиот поранешен партнер Дидие Френај, заработија 10 отсто од 55-те милиони фунти кои Манчестер сити ги плати на Волфсбург во август 2015 година.

Scroll to Top