Top Sport

Ѓоковиќ и Поспишил формираат ново здружение на тенисерите

Новак Ѓоковиќ и Вашек Поспшил покренале иницијатива, најдобрите светски тенисери да формираат ново здружение, односно да го напуштат АТП.

Идејата е здружението да го носи името Асоцијација на тениските професионалци и да ги застапува интересите на најдобрите 500 тенисери во сингл и најдобрите 200 тенисери во дубл.

Според американските медиуми целта на новото здружение нема да биде да го замени АТП, туку да се оформи структура која ќе им пружа поддршка на играчите и која ќе се занимава со правилата на АТП, поделбата на приходите, дисциплинските мерки, здравственото осигурување и пензискиот фонд.

Тенисерите се решиле да направата ваков чекор бидејќи Советот на играчи при АТП немал доволно влијание.

Поспишил објави дека го напушта Советот на играчи, а наскоро тоа ќе го направи и Ѓоковиќ кој е претседател на ова тело. Ѓоковиќ и Поспишил ќе бидат на чело на новото здружение, а нивниот мандат би траел две години. Според медиумите во Управниот одбор би имало уште девет тенисери.

Scroll to Top