Top Sport

Почина поранешниот НБА играч Клиф Робинсон

Поранешниот НБА кошаркар Клиф Робинсон починал на 53 годишна возраст потврди неговото семејство без да ја наведе причината за смртта. Во 2017 година Робинсон бил хоспитализиран поради излив на крвта во мозокот.

Робинсон 18 сезони мина во НБА лигата како играч на Портланд, Финикс, Детроит, Голден стејт и Њу Џерси.

Кариерата ја завршил на 41 годшна возраст во Њу Џерси Нетс.

Робинсон во најсилната лига во светот влезе во 1989 година како 36 пик на Портланд. Со Трејлблејзерси во сезоната 1991/92 играше во големото финале, во кое Портланд загуби од Чикаго Булс со 4:2. Во 1993 година бил прогласен за најдобар шестти играч во лигата, а во 1994 бил учесник на „Ол стар“ натпреварот. Два пати (2000 и 2002 година) бил биран во најдобриот дефанзивен тим во сезоната.

Робинсон во НБА лигата одиграл 1.521 натпревар, во просек бележел по 14,6 поени, 4,6 скока и 2,2 асистенции.

Scroll to Top