Новата сезона во Англија традиционално започнува со Комјунити шилд, натпревар во кој играат шампионот и освојувачот на ФА купот. На „Вембли“ противници се Ливерпул и Арсенал.
Првиот гол на натпреварот го постигна Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот во 12 минута ја искористи лошата поставеност на Вилијамс и од работ на шестаесетникот го погоди спротивниот агол од голот кој го брани Алисон.
GOAL – Aubameyang scores vs Liverpool. 1-0 (Great Goal) pic.twitter.com/jjLjksbtxz
— OnlyFootballClips (@OnlyFootballCl1) August 29, 2020
Обамејанг ја продолжи извонредната серија на „Вембли“ која ја започна во финишот на минатата сезона, во полу-финалето и финалето во ФА купот против Манчестер сити и Челси тој посигна вкупно четири гола, голот со Ливерпул е петтиот.
Неколку минути по голот Арсенал имаше можност да ја зголеми предноста меѓутоа Алисон успеа со краен напор да го одбрани ударот на Нкетија.