Top Sport

Барса мора да му платат 14 милиони евра на Суарез ако сакаат да замине

Барселона мораат да исплатат 14 милиони евра за откажување на договорот на Луис Суарез една година пред истекот,тврди порталот „Гол“.

Новиот тренер Роналд Куман во 60-секунден телефонски разговор му порача на уругвајскиот напаѓач дека не смета на него во новата сезона, во исто време лутејќи го со тоа Лео Меси, кој поднесе барање за раскин на договорот.

Според „Гол“, за 33-годишниот Суарез се заинтересирани повеќе клубови, вклучувајќи го неговиот старт клуб Ајакс, но и уште барем три-четири клубови. Сепак, за тој да замине како слободен агент, каталонскиот клуб ќе треба да го откупи неговиот договор, односно да плати 14 милиони евра.

Суарез пристигна на „Ноу камп“ во 2014 година од Ливерпул и оттогаш има 198 гола во 283 меча за клубот, со што е на третото место на вечната листа на каталонскиот клуб зад легендите Цезар Родригез Алварез и Меси, и во исто време освои 13 трофеи.

Scroll to Top