Top Sport

Први победи за Монако и Бордо во новата француска сезона

Монако на Нико Ковач ја забележа првата победа во новата сезона во Лига 1, откако на гостување кај Мец стигнаа до 1:0 триумф. Први триумфи во второто коло забележаа и Бордо кај Анжер (0:2) и Нант дома против Ним (2:1).

Единствениот гол во Мец го постигна Беноа Бадиашил во 22.минута од мечот, по што Монако речиси цело второ полувреме мораше да изддржи со играч помалку по црвениот картон на Фофана во 47. минута.

Бордо на гостувањето кај Анжер ја запечати со два гола за две минути, откако прво Џош Маџа во 25. минута, а потоа и Тома Башиќ две минути подоцна го совладаа домашниот голман. Лидер во Франција по две кола е Ница на Патрик Виеира со максимални шест поени по два меча, додека Пари Сен-Жермен уште нема одиграно ниту еден меч во шампионатот по пласманот во финалето на ЛШ и поразот од Баерн Минхен.

ЛИГА 1, 2.КОЛО

Ремс – Лил 0:1

Анжер – Бордо 0:2

Мец – Монако 0:1

Нант – Ним 2:1

Сент-Етјен – Лориен 2:0

МЕЦ – МОНАКО

АНЖЕР – БОРДО

НАНТ – НИМ

Scroll to Top