Top Sport

Тројца фудбалери на Аталанта позитивни на КОВИД-19

Аталанта потврдија дека во својот прв тим имаат тројца фудбалери позитивни на корона вирусот по продолжувањето на подготовките за новата сезона.

Аталанта денеска се врати на спортските активности првпат по драматичниот пораз во четврт-финалето на Лигата на шампионите од Пари Сен-Жермен, и клубот потврди дека тројцата фудбалери вратиле позитивни тестови.

„Аталанта потврдува дека по задолжителните тестови на КОВИД-19, беа пронајдени три позитивни тести. Фудбалерите се асимптоматски, се чувствуваат добро и веќе се во самоизолација“, објавија од Аталанта.

Scroll to Top