Денеска се објави документарниот филм на „Амазон“ околу Тотенхем и првата сезона на Жозе Мурињо на клупата на лондонскиот клуб, и еден краток клип веднаш стана хит на Интернет поради искрената реакција на португалскиот стручњак на критиките околу неговото поставување.
Мурињо го замени Маурисио Почетино на клупата на Тотенхем, иако Аргентинецот претходната сезона ги однесе до финалето на Лигата на шампионите, и Мурињо во својата канцеларија ги слушаше реакциите на неговото ангажирање и мислењето дека неговото време „поминало“.
„Специјалниот“ реагира инстинктивно – станува, го исклучува телевизорот и праќа порака: „Е.и се!“.
José Mourinho hearing what the pundits had to say on his appointment on his first day as Tottenham Manager ‘Fuck off’ ???? pic.twitter.com/HHykg45Gv1
— WAR DIAZ (@93Soldier_) August 30, 2020