Данскиот напаѓач на Барселона, Мартин Брејтвајт демантираше дека веќе го побарал дресот со број 10 во каталонскиот клуб доколку Лионел Меси навистина замине од клубот.
Шпанските медиуми тврдеа дека Брејтвајт веднаш го побарал дресот со број 10, но тој вели дека тоа би било големо непочитување.
„Не знам што размислуваат луѓето! Секако, не сум отишол кај клубот и не сум го побарал бројот на Меси. Тоа би било непочитување. Не знам од каде излегуваат овие приказни. Многу работи се напишаа за Меси, но јас не знам ништо за деталите. Знам дека е голем фудбалер и голема личност“, вели Брејтвајт за данскиот весник „БТ“.