Top Sport

Ѓоковиќ до судијата: Ова не е нормално, благодарам што не известивте

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не е задоволен од новот правило на Ју-Ес опен. За разлика од Синсинати мастерсот, правилот за сервирање од 25 секунди поинку се толкува, односно времето за сервис започнува да тече веднаш по завршувањето на поенот.

Поради ова правило Ѓоковиќ имаше бурна реакција кон судијата во текот на мечот од првото коло против Дамир Џумхур.

„Ова е смешно, не е нормално“, му рекол Ѓоковиќ на судијата кој е задолжен за мерењето на времето.

Тој веднаш добил објаснување.

„Овде времето за сервис започнува да тече веднаш откако ќе се објави резултатот. Не го мериме времето тогаш кога вие ќе одите да си ги земете пешкирите. Поинакви се правилата од оние на АТП турнејата“, му објаснил судијата на првиот носител на турнирот.

„Но, зошто? Сепак ви благодарам што не известивме“, ирночно го завршил разговорот Ѓоковиќ.

Новак Ѓпковиќ во првото коло со 6/1, 6/4, 6/1 го победи Дамир Џумхур и во второто коло ќе игра против Британецот Кајл Едмунд.

 

Scroll to Top