Top Sport

Милошевиќ заминува ќе го наследи Станојевиќ

Саво Милошевиќ го напушти Паризан. На функцијата го наследи поранешниот тренер на црно-белите Александар Станојевиќ. Милошевиќ си поднесе оставка на функцијата по лошиот старт на сезоната. Партизан во првите шест кола во српското првенство забележа два порази и веќе има шест поени помалку од најголемиот ривал Црвена звезда.

Партизан во првите шест кола претрпе два идентични порази 3:2 од Нови Пазар и Војводина. Дека ќе си поднесе оставка српските медиуми шпекулираа и по поразот од Нови Пазар во второто коло. Тој најави дека заминува по неделниот пораз од Војводина во Нови Сад.

Неговиот наследник Станојевиќ го предводеше Партизан пред една деценија, тогаш тој успеа да избори пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите.

По заминувањето од Партизан тој работел во Кина, дел од кариерата минал во Макаби Хаифа, а работел и во ПАОК и Ал-Куадсиах. Последниот ангажман како тренер го има во Пекинг во 2019 година.

Scroll to Top