Мемфис Депај инсистира дека никогаш не пројавил желба да замине од Лион, но додава дека тоа е сосема можно бидејќи тој има „сопствени соништа“ по поврзаноста со трансфер во Барселона.
Депај, кој пристигна во Лион од Манчестер јунајтед, оваа сезона постигна шест гола во Лигата на шампионите, помагајќи „лавовите“ да влезат во полуфиналето од Лигата на шампионите, каде што беа елиминирани од Баерн Минхен. Сепак, во Лига 1, тимот беше само на седмото место и првпат по 24 години нема да игра во европските натпреварувања. Депај има договор со клубот до крајот на сезоната.
„Никогаш не сум кажал дека сакам да заминам и кога ќе дадам било каква изјава, таа се извртува. Имам уште една година од договорот, капитен на тимот сум и сакам да се борам. Се чувстувам добро, меѓутоа и јас имам мои соништа и желби за остварување. Јас сум го велел тоа секогаш“, вели Депај.