Баерн Минхен му се заблагодарија на Филипе Кутињо за сезоната во која ја освоија тројната титула (Бунделига, ДФБ куп и ЛШ), по што иднината на 28-годишниот Бразилец останува неизвесна по неговото враќање на „Ноу Камп“ по едногодишната позајмица.
Баерн решија да не ја искористат опцијата да го направат трансферот на Кутињо постојан, иако тој влезе како замена во сите последни четири меча од Лигата на шампионите и постигна два гола против Барселона во 8:2 триумфот. Тој вкупно имаше 38 настапи за Баварците, постигнувајќи 11 гола и 9 асистенции.
„Сакаме многу да му се заблагодариме на Филипе Кутињо. Со неговата креативност и неверојатна техника, тој ја збогати нашата игра во оваа сезона. Неговите перформанси во Лигата на шампионите покажаа дека не згрешивме што го донесовме. Му посакуваме најдобро во идната кариера“, вели генералниот директор на тимот, Карл-Хајнц Румениге.
Кутињо сега се враќа во Барселона, но тешко дека ќе најде место на „Ноу Камп“, откако клубот подолго време се обидува да го продаде, а постои интерес за враќање во Премиер лигата, каде што Арсенал беа најзаинтересирани.
Obrigado, @Phil_Coutinho! ??? pic.twitter.com/2Nu6NCm6CB
— CHAMPIONS OF EUROPE ? (@FCBayern) September 2, 2020