Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис призна дека Калиду Кулибали и Аркадијуш Милик ќе заминат од клубот доколку се добие понуда ова лето.
Милик чека да ја види следната дестинација на Един Џеко за да знае дали ќе замине во Рома или Јувентус, додека Манчестер сити добија „корпа“ од Де Лаурентис за понудата од 70 милиони евра за Кулибали.
„Доколку фудбалскиот пазар дозволи, Кулибали и Милик се на излез од клубот. Ако пазарот на играчи дозволи да ги продадеме овие двајца одлични фудбалери, тогаш ќе зборуваме за замена. ако не се случи тоа, ќе зборуваме следната година“, вели Де Лаурентис.
Полјакот Милик е во компликувана ситуација, бидејќи неговиот договор со Наполи трае до јуни 2021 година и следното лето би заминал како слободен играч, но Де Лаурентис останува на цената од 50 милиони евра за него.