Мајми Хит и во вториот меч забележаа победа над Милвоки Бакс во полу-финалната серија во Источната конференција. Мајами во пенал завршница славеа 116:114.
Победникот во Орландо го реши Џими Батлер од линијата за слободни фрлања, откако претходно од истата позиција три пати погоди Крис Мидлтон за 114:114.
Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, Милвоки Бакс, во текот на целиот меч ја бркаше предноста на Мајами која не успеа да ја стигне. Екипата од Флорида до победата ја предводеше Горан Драгиќ со 23 поени, 17 уфрли Тајлер Хиро, а 16 Џеј Краудер.
Кај Милвоки се истакна Јанис Адетокумбо со 29 поени и 14 скокови, Крис Мидлтон мечот го заврши со 23 коша.