Карло Анчелоти, тренерот на Евертон, во актуелниот преоден рок ќе направи целосна реконструкција во редот за врска на својот тим. За „малку“ пари Дон Карло ќе донесе тројца врвни фудбалери. Со двајца од нив Анчелоти работел во минатото.
Нови членови на Евертон ќе станат Џејмс Родригез од Реал Мадрид, Алан од Наполи и Абдулаје Докуре од Вотфорд.
Според англиските медиуми за трансферите на тројцата фудбалери Евертон ќе потроши нешто повеќе од 60.000.000 евра.
Со Гилфи Сигурдсон, Андре Гомеш и Бен Дејвис, Анчелоти ќе има доволен квалитет во редот за врска за конечно да ги нападне позициите кои водат во европските купови.