Манчестер Јунајтед испратиле понуда до Реал Мадрид за левиот бек Серхио Регуилон. Шпанскиот репрезентативец минатата сезона ја мина на позајмица во Севилја, ја освои Лига Европа со клубот од Андалузија, а потоа се врати во Реал.
Сепак на „Сантијаго Бернабеу“ нема да се задржи долго бидејќи Зинедин Зидан на неговата позиција предност им дава на Ферлан Менди и ветеранот Марсело.
Јунајтед се заинтересирани за 23 годиншиот лев бек, испратиле понуда од 30 милиони евра за неговите услуги. Веројатно е дека Реал ќе ја прифатат понудата.