Top Sport

Лука Савичевиќ е нов играч на МЗТ

Еден од најталентираните млади кошаркари во моментов во Македонија, Лука Савичевиќ, е нов член на екипата на МЗТ Скопје Аеродром Со овој трансфер МЗТ потврдија заложбата за ангажирање на сѐ што во перспектива е квалитетно и вредно во макбаскетот.

Савичевиќ има 18 години, висок е 190 сантиметри, изминативе две ипол години настапуваше во Шпанија. Неговиот талент го привлече вниманието на скаути од екипи како Анадолу Ефес, Олимпија Цедевита и Црвена звезда. Тој во февруари годинава се најде на поширокиот список на селекторот на сениорската репрезентација, Александар Тодоров.

Савичевиќ следната сезона ќе настапува во Првата лига и тоа во дресот на вториот тим на МЗТ Скопје Уни Банка.

извор/mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top