„Сити групацијата“, го зголеми своето фудбалско семејство за уште еден клуб. Сопствениците на Манчестер сити од денес во сопственост го имаат и фудбалскиот клуб Троа кој се натпреварува во француската Лига 2.
„Сити групацијата“ ги откупиле акциите на претодниот газда Даниел Масони со што станаа мнозински сопственици на Троа. Малцински сопственик остана Максим Рој кој ќе добие место во Управниот одбор.
Фудбалскиот клуб Троа е основан во 1986 година, во 2001 година го освоиле Интертото купот, а во сезоната 2014/2015 биле шампиони во Лига 2.
Оваа године не успеаја да се врата во Лига 1 бидејќи во Франција беше прогласен крај на сеозната во април.
Троа е десеттиот клуб во сопственост на „Сити групацијата“. Покрај Манчестер сити, тука се и Њујорк сити, Мелбурн сити, Јокохама Маринос, Монтевидео, Џирона, Сечуан, Мумбаи и Ломел.