Реал го победи ПСЖ со 3:1 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, со два гола во последните десет минути. ПСЖ на „Сантијаго Бернабеу“ имаше предност, но на крајот со два гола негатива замина за Париз.
Тренерот Унаи Емери и претседателот Насер Ал Келаифи за ваквиот расплет ги обвинија италијанските судии преводени од Џанлука Роки.
„Имаме поделени чувства во врска со италијанскиот судија. Со дискутабилни одлуки тој му помогна на Реал откако ние први постигнавме гол. Сомнителен беше прекршокот по кој им се отвори можноста за третиот гол. Ми кажаа и дека можеби Рамос играч со рака, но јас тоа не го видов. Немавме ист критериум на судење“, рекол Емери.
„Мораме да размислуваме за наредните 90 минути, играме дома, на нашиот стадион и мораме да размислуваме за пласман понатаму. Резултатот не е фер. Игравме подобро, имавме шанси, но и правевме грешки. На наша штета беа и судиските грешки, судиите му помогнаа на Реал“, рекол Ал Келаифи.