Иван Ракитиќ вчера по шест години ја напушти Барселона, а денес ја имаше промоцијата во старо-новиот клуб Севилја. Клубот од „Санчез Писхуан“ за трансферот издвои 1.500.000 евра, но ќе плати уште 9.000.000 евра бидејќи е реално во наредните две сезони да избори пласман во Лигата на шампионите или Лига Европа.
Дебито за Севилја Ракитиќ ќе го има на 24 септември против Баерн Минхен во Суперкупот на УЕФА. Натпреварот ќе се одигра во Будимпешта.
Хрватскиот репрезентативец во периодот од 2011 до 2014 година за Севилја одиграл 149 натпревари.
„Се надевам дека Барселона ќе има добра сезона, но дека ние ќе завршиме пред нив во сите натпреварувања“, рекол Ракитиќ.
Севилја реши да го ангажира Ракитиќ откако од клубот си замина Аргентинецот Евер Банега.