Швеѓанката Хана Еберг го освои златниот медал во бијатлон, во индивидуалната трка на 15 километри. Младата 22-годишна Еберг трчаше и пукаѓе совршено, поради што успеа да приреди големо изнендување и воедно да стене првата Швеѓанка со најсјано одличје во бијатлон.
Еберг трката ја заврши со време 41:07.2 минути, среброто го освои Анастасија Кузмина од Словачка со време 41:31.9 минути, додека најголемата фаворитка Германката Лаура Далмајер заврши на третата позиција.
Далмајер која на претходните два натпревари во Пјонгчанг освои две најсјани одличја имаше послабо време од побеничката за 41,2 секунди.
HANNA ÖBERG I MÅL 24 SEKUNDER FÖRE KUZMINA!!!! pic.twitter.com/GL1VKSZTeH
— Eurosport Sverige (@EurosportSE) February 15, 2018