Top Sport

Гризман: Се надевам дека Меси ќе остане

Антоан Гризман минатогодишното засилување на Барселона од 120.000.000 евра прв пат проговорил за „случајот Меси“. На новинарите им кажал дека не знае што се случува во клубот.

Меси пред 10 дена побара де му биде раскинат договорот со клубот. Барселона нема намера да го пушти, претседателот Џозеп Марија Бартомеу ќе направи исклучок само доколку некој ја активира откупната калузула од 700.000.000 евра.

„И ние се обидуваме да дознаеме што се случува. Ова што се случува е помеѓу него и клубот. Ние се надеваме дека ќе остане со нас. Слушаме разни приказни, но јас не знам ништо повеќе од она што го пренесуваат медиумите“, рекол Гризман кој се наоѓа на подготовки со француската репрезентација.

Scroll to Top