Германската двојка Аљона Савченко и Бруно Масо го освоија златниот медал во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Савченко и Масо по кратката програма се наоѓаа на четврттата позиција, но благодарение на перфектната изведба во слободната програма за која добија рекордни 159,31 поени стигнаа до највисокото скалило на победничкиот пиедестал.
Германската двојка на крајот со 235,90 поени го освои златниот медал.
Украинката Савченко има пет учества на зимските Олимпијади, сменила тројца партнери и настапувала за две држави, а дури во Пјонгчанг успеа да го освои првиот медал.
Сребрениот медал им припадна на Суј Венчин и Хан Чун од Кина, кои по кратката програма беа на првото место. Кинеската двојка освои 325,47 поени, додека до бронзата стигна канадската двојка Меган Дуамел и Ерик Редфорд.
Златото кое го освои двојката Савченко-Масо е осмо за Германија во досегашниот тек на Игрите.