Top Sport

„Не знам дали Видал играше бидејќи е пријател со Меси“

Иван Ракитиќ вчера се врати во Севилја, клуб чии дрес го носеше во периодот од 2011 до 2014 година. Изминатите шест сезони Ракитиќ ги мина во Барселона со која освои 13 трофеи.

Иван Ракитиќ со Севилја договорил четири годишна соработка. Севилај на Барселона за неговиот трансфер и плати 1.500.000 евра, но доколку во наредните две години Севилја се пласира во Лигата на шампионите или Лига Европа тогаш во касата на Барса ќе се слеат дополнителни 9.000.000 евра.

Ракитиќ за шест сезони во Барселона одигра 310 натпревари. Изминатите две сезони остана без местото во стратната постава. Често предност кај тренерите имаше Артуро Видал.

На прашањето дали Видал добивал предност бидејќи е добар пријател со Лионел Меси, Ракитиќ одговорил:

„Не знам. Секогаше му бев на располагање на тренерот, но имаше одлуки кои не ги разбирав. Молчев бидејќи го почитував тимот“.

Хрватот проговорил и за актуелниот момент, за кризата што ја тресе Барселона, откако Меси побара да го напушти клубот.

„Лео ниту со мене ниту со било кој друг не разговараше на таа тема. Дека сака да замине дознав од медиумите“, рекол Ракитиќ и дополнил.

„Не можам да кажам дека бевме најдобри пријатели, но секогаш имавме добар однос“.

Scroll to Top